Министерот за заштита на граѓаните Нотис Митаракис денеска му поднесе оставка на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, која беше прифатена.
Митаракис како причина за поднесувањето на оставката ги наведе личните причини, јави грчката новинска агенција Ана.
„Тој вчера наутро е виден на далечен остров каде го започна својот одмор, се качи на брод за неколку часа, а потоа се врати во раните попладневни часови како сѐ да е во ред, додека капачите во областа се прашуваа дали убаво гледаат“, напиша весникот „Катимерини“ во петокот.
Како што соопштија од прес-службата на премиерот, на негово место ќе дојде досегашниот министер за алтернативно образование, религија и спорт, Јанис Економу, чија функција ќе ја преземе пратеникот од Киклади, Јанис Вруцис.
Новите министри вечерва ќе положат заклетва пред претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу во претседателската вила.
Актуелната криза и влошената состојба предизвикаа оставка на грчкиот министер. Пожарот во околината на Волос, во централна Грција, кој предизвика експлозии во воен магацин, денеска е ставен под контрола, соопшти Противпожарната служба на таа земја. Воспоставена е безбедносна зона околу базата на грчките воздухопловни сили, јави Би-Би-Си. Ударните бранови биле почувствувани на километри, а 133 жители на блискиот град Неа Анхиалос побегнале по море.
Во крајбрежната база се наоѓа грчкото борбено крило 111, а Ф-16 прелетаа во друга база како мерка на претпазливост. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека складиштето за муниција било толку полно што неговите противпожарни системи не работеле.
Во исто време, Грција тагуваше за смртта на пилотите чијшто канадер се урна при гаснење на пожар на Евија во вторникот.
Едниот од загинатите пилоти, Христос Мулас, беше погребан на Крит, а на погребот присуствуваа претседателката на Грција и бремената сопруга на пилотот. Неговиот колега, 27-годишниот Периклис Стефанидис, беше погребан вчера во неговиот роден град Кукуш. На погребот присуствуваше грчкиот премиер и одред на воздухопловните сили.