Од денеска 1 кг домати се продава по 70 денари по килограм, краставиците за 75 денари а кромидот за 60 денари. Ова се некои од цените по владината одлука за замрзнување на цените на некои овошја и зеленчук а на сила стапува од денеска и ќе важи до 30 април.
„По последната одлука на владата за замрзнување на цените, продавачите ги намалија цените на предвиденото ниво за секој производ, но се жалат дека на пазарот на големо купуваат по повисоки цени и мораат да продаваат по пониски цени. Од друга страна купувачите се уште се незадоволни со овие цени и очекуваат уште поголемо намалување“, вели репортерот на ТВ21.
-Цената на бананите е ограничена на 70 денари, дали ви одговара оваа цена за продажба на робата?
„Воопшто не одговара, не е во ред оваа цена. 1200 денари е пакет, има 18 килограми, пресметај колку е и стави цена. Не стигнува ни за вода. Не е во ред ова. Некој што не ги разбира работите а се труди да ги направи, не е нормално“.