Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан денеска ги повика кинеските власти, како што наведе, да ја пуштат тенисерката Пенг Шуаи јавно да зборува за да разјасни што и се случило, а доколку не го стори тоа, предупреди за можни дипломатски последици за Пекинг.
– Очекувам само едно: таа да зборува, изјави министерот Ле Дријан за телевизијата Ел-Ес-И.
Ле Дријан изјави дека Кина, доколку не ја разјасни ситуацијата со тенисерот Пенг, може да сноси дипломатски последици.
Кинеската тенисерка Пенг Шуаи, чија ситуација со недели е предмет на меѓународна загриженост, денеска присуствуваше на тенискиот турнир во Пекинг.
Поранешниот светски рекет број еден во двојки не се појави во јавноста откако на 2 ноември на кинеските социјални мрежи објави дека поранешниот потпретседател Џанг Гаоли ја принудил на секс пред три години и дека подоцна имале доброволна врска, но ниту Џанг ниту кинеската влада ги коментираа нејзините наводи.