Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација и близок пријател на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, Жан Тод, зборуваше за состојбата на Германецот. Познато е дека 51-годишниот поранешен пилот се опоравува во својата куќа на брегот на Женевското езеро од оштетување на мозокот, откако се повреди кога падна при скијање на Алпите пред 7 години.
“Мајкл продолжува да се бори со помош на неговото семејство и лекарите. Го гледам Мајкл редовно, заедно гледаме телевизија. Дали неговото здравје му дозволува да разбере дека неговиот син наскоро може да дебитира во Формула 1? Нема да одговорам на тоа. Не сакам да навлегувам во детали, бидејќи тоа е негов личен простор “, сподели тој.