Иранскиот министер за нафта Бижан Занганех денеска изјави дека земјата ќе ја искористи секоја можност да извезува своја нафта, нагласувајќи дека тоа е нејзино легитимно право.
– Ние ќе го искористиме секој можен начин за извоз на наша нафта и нема да потклекнеме на американскиот притисок затоа што извозот на сурова нафта е легитимно право на Иран, рече Занганех.
Иранскиот извоз на сурова нафта падна за повеќе од 80 проценти откако САД повторно воведоа санкции против земјата, откако претседателот Доналд Трамп кон крајот на минатата година се повлече од нуклеарниот договор.