Во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од Западнонилска трска, од кои починале деветмина, соопшти денеска српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ – Батут“.
Според податоците на Институтот, петмина од починатите се од реонот на Белград, а останатите четворица од Војводина. Сите заболени лица се жители на Војводина, Белград или реонот долж течението на Дунав.
Западнонилската треска првпат е регистрирна во Србија кон крајот на јули 2012 година и досега од неа заболеле 574 лица, од кои починале 61.
Вирусот на западнонилската треска се пренесува на луѓето само преку убод од инфицирани комарци. Вирусот од Африка на европско тло го носат птиците преселници, од кои се инфицираат комарците и потоа ја шират заразата.