Рускиот министер за надворешни работи Лавров ги нарече опсесија обидите на западните земји да им забранат на руските партнери да се фотографираат со него и Путин.
За време на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Каиро, Лавров ја цитираше изјавата на германската министерка за надворешни работи Анален Бурбок дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е претседател на земја членка на НАТО, „си дозволил да се фотографира со Путин во Техеран. “, пренесе РИА Новости.
Шефот на руската дипломатија тврди дека пред неговата посета на Каиро, претставниците на САД, Франција, Германија, Велика Британија и ЕУ побарале од Лигата на арапските држави да ги осуди сите дејствија на Русија, а особено да не потпишува никакви документи ниту да се фотографираат.
„Тие се опседнати со тие фотографии. Тоа веќе не е прашање од сферата на дипломатијата, тоа е уште една гранка на проучувањето на човечкиот организам“, рече Лавров.
Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека американските дипломати бараат од нивните странски колеги да не се фотографираат со Лавров и оцени дека претставници на Стејт департментот се обидуваат да ја покажат наводната изолација на Русија во оваа начин.
Лавров пристигна во Египет во рамки на африканската турнеја, а потоа ќе ја посети и Етиопија. Уганда и ДР Конго.