Настанот се случил попладнево, околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци, каде полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија.
„Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.
Овој случај доаѓа по еден месец откако беше откриено дека автобусот на „Беса транс“ кој се запали, немал документ за меѓународен транспорт на патници, а со тоа не смеел да ја минува државната граница.