Два тона хашиш се запленети денеска во операција во Истанбул, соопшти министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.
Операцијата била извршена од полицијата на Истанбул.
– Во исто време во Бурса, околу 4.000 полицајци привеле над 200 наркодилери, додаде министерот.
Во почетокот на овој месец полицијата заплени 615 кг кокаин во округот Мерсин, а во крајот на јануари во акции во Истанбул беа запленети 850 кг хероин и половина тон сканк.