Во Хрватска е покрената истрага против четворица хрватски и една македонска државјанка, кои криумчареле мигранти, при што заработиле најмалку 66.500 евра.

Тие биле дел од злосторничко здружение, кое криумчареле странски државјани од Хрватска во Словенија во 13 наврати, а потоа во Италија. Тие организирале илегални премини за 106 странци.

Според хрватски медиуми, истрагата за четворица хрватски државјани на возраст од 38, 51, 25 и 42 година и 49-годишната Македонка ја покрена хрватската Канцеларија за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК), врз основа на кривична пријава поднесена од полицијата во Загреб .

Полицијата и УСКОК се сомневаат дека тие лица од почетокот на октомври до крајот на декември 2019 година, во подрачјето на Загреб и околината, заради профит, договориле недозволено префрлување на голем број странски државјани преку државната граница од Хрватска до Словенија и понатаму кон Италија.