Кога дошла до 170 килограми, Луиз Никола Хиксон (28) веќе не можела да оди на работа. Дебелината до тој степен и ја намалила силата, што таа едвај можела да оди.
Бидејќи не сакала да заврши како нејзиниот татко со дијабетес тип 2, 28-годишната Луиз морала да преземе радикални мерки за да изгуби тежина.
Почнала диета и направила операција, со која и бил отстранет дел од желудникот, со што и се намалил за 15%. Оттогаш изгубила 80 килограми!
Денес Луиз е посреќна од кога и да е, и веќе не страда од депресија.
„Сега сум 90% посреќна од кога било. Сакам да ги засмејувам луѓето. Дури ми се чини дека порано се обидував да ја скријам дебелината со хумор, вели Луиз.
Таа акумулирала килограми јадејќи пилешко и кинеска храна, која постојано ја нарачувала. Луиз се борела со депресија и вознемиреност, обидувајќи се да се утеши со храна. На ручек јадела сендвичи од сланина и големи порции јаглени хидрати за вечера.
Честопати добивала и инфекции за кои верува дека се резултат на многуте килограми.
– Постојано се чувствував лошо. Имав болен менструален циклус. Едвај можев да одам пет минути континуирано. Отидов на гастроректомија во февруари 2018 година и оттогаш одржувам многу поздрава врска со храната, забележува Луиз.
Денес јаде се, но умерено.
– Само умерено! Од се помалку, порачува Луиз.