Конроверзата околу бегалците им наштети на ЦДУ на Ангела Меркел и ЦСУ на Хорст Зехефер.
За првпат по окончувањето разговорите за формирање на таканаречена Јамајка коалција минатата есен, двете партии на христијанската унија уѓиваат популарност под 30 проценти и на тој начин ја пробиија психолошката бариера, покажува анкетата на Сивеј нарачана од весникот Шпигел.
Така, христијанските демократи и баварските христијански демократи паѓаат на 29,8 отсто, додека Социјалдемократите покажуваат мало подобрување од 17,7 отсто, но сé уште се далеку од 20,5 отсто, кои ги остварија на изборите во септември.
Малку зад нив, со 16,1 отсто ги следат ксенофобичната, екстремно десничарска партија на “Алтернатива на Германија”. На четврто место се Зелените со 12,7 отсто, по што следи левичарската партија со 10,1 отсто, а Либералите со 8,7 отсто остануваат. И тие имаат потребен цензус за влез во Бундестагот.
Ангела Меркел овој пат се обидува да постигне решение во последната минута за прашањето на политиката за азил на европско ниво кое ги исполнува условите на ЦСУ. Утре започнува самитот во Брисел, каде што германскиот канцелар се надева дека ќе постигне договор со европските партнери.
Сепак, 33 отсто од германските гласачи веруваат дека и покрај недоарзбирањата двете сестрински демохристијански партии се подобро способни да управуваат со европските прашања од социјалдемократите (17,3 отсто).