Ковчегот со телото на патријархот Иринеј од Патријаршијата на Српската православна црква е изложен во белградската црква Св. Архангел Михаил.
Телото на патријархот Иринеј, кој почина како резултат на Ковид-19, за разлика од телото на Амфилохије, е покриено со проѕирна обвивка. Мноштво луѓе се собраа во и пред црквата, пренесува Индекс.
Иако СПЦ претходно соопшти дека ќе ги почитува епидемиолошките мерки, тоа не се случи. За разлика од погребот на Амфилохије во Црна Гора, кога повеќето луѓе не носеа маски, тука некои луѓе носат маски. Како и да е, има премногу луѓе во затворен простор и бакнуваат стакло наместо тело.
Исто така е забележано дека луѓето примаат причест од иста лажичка.