Заради криминогеноста во РЕК Битола, ЕСМ за 23 дена од ноември купила струја за 23 милиони евра за потребите на домаќинствата тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо од ветувањата на власта дека ќе работат сите три блока во РЕК Битола. На почеток на декември сме, а поголемиот дел од времето до сега работи само еден блок.

РЕК Битола не работи со полн капацитет од две причини поради немањето на доволно јаглен и поради техничките проблеми кои се резултат на некадарност на раководството.

Недоволното производство на РЕК Битола резултура со скап увоз, кој ЕСМ е должен да го направи за да ги покрие потребите на регулираниот пазар.

Доколку РЕК работеше со најмалку два блока, немаше да има потреба од увоз на струја во ноември, а доколку работеше со три блока, ќе можеше и да продаде струја на стопанството.

РЕК Битола од страна на власта се користи само како средство за делење на тендери на фирми блиски до СДС и делење високи плати на функционерите именувани од власта.

Резултатот од менаџирањето на СДС со РЕК Битола е под нулата. Народот ја плаќа неспособноста и криминогеноста на власта.