Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф изјави дека нема да дојде до нова војна во регионот.
Како што објасни, Техеран не сака конфликт и истакна дека ниту една земја нема никаква илузија дека може да се судри со Иран.
До зголемување на затегнатоста во регионот дојде откако американската Амбасада во Ирак претходно соопшти дека добила наредба од Стејт департментот целиот персонал што не е неопходен веднаш да ја напуштил земјата поради зголемените тензии во односите на САД со Иран.