Неидентификуван објект, кој наликува на проектил, рано изутрина се урна во близина на главниот град на Кипар, Никозија, соопштија турски претставници на островот.

Експлозијата се случила околу 1 часот по полноќ во регионот Ташкент, познат како Воуно, 20 километри североисточно од Никозија.

Од паѓањето на проектилот се запалил ридот и се слушнала силна бука.

Претседателот на непризнаениот северен дел на Кипар, Мустафа Акинџи оцени дека инцидентот е поврзан со воените операции на Блискиот исток, но додаде дека воената истрага ќе утврди за што станува збор.