Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин, кој издржува 23-годишна затворска казна во затвор во Њујорк за случаи на силување и сексуална злоупотреба, може да биде префрлен во Лос Анџелес. Оваа одлука на Судот отвора можности за нов процес со дополнителни обвиненија.
Адвокатите на Вајнстин (69), кој лани беше прогласен за виновен, по движењето #MeToo, со недели го оспоруваат преместувањето, главно со медицински причини. Иако се уште не е одреден датум, обвинителите во Лос Анџелес очекуваат да биде преместен од затворот во округот Ери некаде меѓу крајот на јуни и средината на јули, рече гласноговорникот на окружниот правобранител.
Поранешниот холивудски тајкун е обвинет во Лос Анџелес за силување и сексуално насилство врз пет жени, што може да се казни со затвор и до 140 години.