Од 20-ти мај до 3-ти јуни од Казнено поправен дом Штип нема да се врши спровод на осудени лица поради неисправност на возилото.
-Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја информира јавноста дека до судот од Управата за извршување санкции – Казнено поправен дом Штип е добиено известување дека КПД Штип во периодот од 20.05.2019 до 03.06.2019 година нема да биде во можност да врши спровод на осудени лица поради технички причини односно неисправност на нивното возило за вршење на спровод, соопшти Кривичниот суд.