Министерството за внатрешни работи известува дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица.
Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.
-Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран, информира МВР.
Во гаснењето на шумскиот пожар во Грција кој е во близина на граничниот премин интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.