Британската полиција денеска го затвори лондонскиот мост Вестминистер и улиците во близина на Парламентот поради сомнително возило.
Портпаролот на полицијата изјави дека припадници на безбедносните сили на лице место го проверуваат возилото во близина на реката Темза, во Викторија ембенкмент и оти локалните улици се затворени за сообраќај.
Британската полиција соопшти дека „инцидентот во Викторија ембенкмент“ е завршен и оти возилото повеќе не е сомнително.
Улиците во околината исто така повторно се отворени за сообраќај.
Метрополитен полицијата претходно го затвори лондонскиот мост Вестминистер и улиците во близина на Парламентот поради сомнително возило.