Медиумскиот магнат од Хонгконг Џими Лај кој е во затвор, е овогодишен добитник на Наградата за слобода на печатот, што ја доделуваат германската Медиумска асоцијација на слободниот печат (MVFP) и Здружението на дигитални и весникарски издавачи (BDZV).
Лај е одликуван за неговата долгогодишна борба за демократија и слобода на медиумите во Хонг Конг.
Тој во моментов отслужува 20-годишна затворска казна, откако беше прогласен за виновен за дослух со странски сили и објавување бунтовнички материјали. Лај се смета за еден од најистакнатите гласови на продемократското движење во поранешната британска колонија, која сега е специјален административен регион на Кина.
Покрај Лај, наградени се и Катрин Калвајт од „Зидојче Цајтунг“ за нејзиното известување од Источна Европа, како и воениот известувач Јан Јесен. Наградите, кои изнесуваат по 10.000 евра, ќе бидат врачени на церемонија во Берлин на 6 мај, под покровителство на претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. (МИА)




