Наставниците во Чикаго одобрија договор со кој заврши нивниот речиси двонеделен штрајк, бидејќи добија зголемување на платата, ограничување на големината на одделенијата и ветување дека секое училиште ќе добие медицинска сестра и социјален работник.
Сојузот на наставници во Чикаго од 25.000 члена започна штрајк на 17 октомври, по неколкумесечни неуспешни преговори со училишните власти и локалната власт на градоначалникот Лори Лајтфут.
Наставниците одржуваа протести и митинзи низ градот, окружната власт ги одржуваше училиштата отворени, но за време на неколку шрекини на рабптата, откажани беа две недели од наставата, што погоди повеќе од 300.000 ученици и нивни семејства.
Наставниците рекоа дека се во штрајк за „социјална правда“, со цел да се зголеми финансирањето на медицинските сестри и социјалните работници за потребите на учениците и да се намали големината на пдделенијата кои во некои училишта се со повеќе од 40 ученици.
Лидерите на Здружението на наставници рекоа дека штрајкот го принудил градот да преговара за прашања за кои првично се сметало дека се надвор од нивна надлежност.
Лајтфут, која ја презеде функцијата оваа година, рече дека штрајкот не е потребен и ја нарече „историска“ градската понуда за зголемување на платите од 16 проценти на наставниците, но во текот на пет години, други ветувања.
Инаку, платите на наставник во Чикаго се движат меѓу 55 и 70 илјади долари годишно.