Заврши истрагата против првооомничениот Љупчо Палевски за двојното убиство на 14 годишната Вања и велешанецот Жежовски, што ја згрози не само македонската јавност, туку и регионот, потврди за Алфа адвокатот на Палевски, Марјан Витановски. Согласно постапката, во наредните 15 дена, бранителот на Палевски Палчо ќе може да предлага нови докази, а потоа Обвинителството треба да поднесе обвинение до Кривичниот суд.
Одбраната на првоосомничениот во наредните две недели ќе направи увид во доказите, но нема да предлага нови докази се до стартот на судењето, вели Витановски.
Сепак, судскиот процес против Палевски најверојатно ќе стартува крајот на август или почетокот на септември бидејќи Кривичниот суд ќе треба да го оцени пред да одреди термин за рочиште. Засега е неизвесно дали и како ќе се спојат постапките против првоовомничениуот и останатите негови сопартијци за кои веќе е закажан почетокот на судскиот процес за 30 јули, бидејќи роковите не го дозволуваат тоа.
Откако ќе поминат наредните 15 дена, по поднсување на обвинението Кривичниот суд има рок од 15 дена да го оцени, па потоа да го закаже стартот. Додека почне судењето, постапката против останатите обвинети може да дојде и до доказна постапка, навистина не знам доколку планираат какои ќе го иозведат спојувањето. Според роковите, судењето за Палевски Палчо нема да почне до крајот на август, вели Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски Палчо.
Истрагата против Палевски започна во мај откако беше екстрадиран од Турција.
Останатите, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се товарат дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Тие кога беа приведени го посочија Палевски како главниот организатор на грабнувањата и извршител на убиствата и ја однесоа полицијата до телата на жртвите.
Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Судската постапка треба да одговори зошто 14 годишната Вања е ликвидирана веднаш по грабнувањето, ако киднаперите сакале откуп.