Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека таа на 25 мај ќе ја предаде контролата врз Бахмут на руската армија, пренесоа светските агенции.
– До 25 мај ние целосно ќе го пребарaме градот, ќе создадаме одбранбени позиции и ќе го предадаме на војската да се грижи за него, рече Пригожин во видеото што неговата прес-служба ја објави на каналот Телеграм.
„Ние ќе се вратиме во базите“, додаде тој.
Претходно денеска Пригожин изјави дека неговите сили целосно ја презеле контролата над градот. После тоа, украинската армија го демантираше „Вагнер“ дека го зазела целосно градот.
,,Оркестарот Вагнер” го доведе до крај својот ,,концерт”, и знамето на Вагнер денес победнички е подигнато над Бахмут. Битката или кланицата за Бахмут траеше 224 денови, поточно од 8-ми октомври 2022 година кога Вагнер ја започна операцијата Бахмут, се вели во објавите.
Битката за Бахмут е нејжестоката битка од почетокот на Руско-украинската војна, со огромни жртви од двете страни.
Операцијата Бахмут, Вагнер ја започна со цел да и даде време на руската армија да се опорави по поразот под Харков, да се прегрупира, да се изврши делумна мобилизација и да се стабилизира линијата на фронтот. Битката за Бахмут ја водеа само единици на Вагнер, и по 224 денови, јуришните единици на Вагнер метар по метар напредуваа во Бахмут.