Германскиот Октоберфест, фестивал на пивото заврши синоќа откако гопосетија 6,3милиони посетители меѓу кои и Бил и Хилари Клинтон.
Околу 7,5 милиони литри пиво беа испиени на овогодишениот фестивал во Минхен, исто колку и минатата година со десет отсто повеќе безалкохолни пијалоци.
Бројот на казнени дела беше десет отсто понизок од 2017 година. Меѓу гостите беа и поранешниот американски претседател Бил Клинтон во традиционални кожени пантолони со сопругата Хилари. Пиеја „Масс“, кригла со литар пиво.