Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице.
Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје.
По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Издадени се наредби за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, соопшти Основното јавно обвинителство.
Основно јавно обвинителство