Припадниците на државната полициска агенција за истраги и заштита (СИПА) го привеле во Меѓугорје советникот на ФК Динамо, Здравко Мамиќ по меѓународна потерница која по него ја распишаа властите на Хрватска, па ќе го однесат во суд во БиХ каде ќе се изјасни дали сака да и биде предаден на Хрватска.
-Полицијата го лиши од слобода господин Мамиќ. Тој во текот на денот ќе и биде предаден во надлежност на БиХ-потврдија од СИПА.
Според процедурата судот во БиХ ќе утврди дали Мамиќ поседува босанскохерцеговско државјанство каде ќе се изјасни дали се противи да и биде испорачан на Хрватска.
Во разговор за кликс.ба Мамиќ по приведувањето изјавил дека доаѓа во Сараево каде во босанскиот суд ќе се изјасни против испорачување во Хрватска. Изјавата Мамиќ ја дал на пат за судот при што рекол дека приведувањето поминало во најдобар ред.
Здравко Мамиќ минатата недела со уште три лица беше прогласен за виновен и неправосилно беше осуден на 6 гофини и шест месеци затвор затоа што го оштетил финансики Динамо и државата.