Паузата за одмор на здравствената администрација ја искористи ја за протест, бидејќи во Колективниот договор не биле предвидени да ги добијат бараните 10 проценти од зголемувањето.
Поддршка за протестот добија и од синдикатот на клинички центар, претседателот на синдикатот Беговиќ објасни дека и администрацијата треба да влезе во колективниот договор. Она што за него е без одговор во моментот дали и како ќе се потпише за сите зголемувањто доколку не се потпише пред старот на техничката влада.
Од Mинистерството за здравство објаснуваат дека администрацијата и помошно-техничкиот персонал се дел од целокупната администрација. За иземање на овие вработени од остатната администрација се потребни законски измени, велат од здравство. Од министерството ветуваат дека разговорите ќе продолжат и следната година, но дотогаш покачувањето зависи од средствата за зголемување на платите на останатите административци.