МРП вакцина вчера до 19 часот примило 21 дете. Досега се вакцинирани 1.079 деца.
Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти синоќа Министерството за здравство.
Од Министерството за здравство апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, а производител е компанијата Глаксо Смит Клајн од Белгија, посочуваат од Министерството.
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска ќе работат од 07:30 до 13 часот.