Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т га за југ“ соопшти дека годинава се навршуваат 72 години од завршувањето на Граѓанската војна 1949-2021.
За таа цел денеска во паркот „Жена борец“, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, ќе настапат наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски“. Учениците ќе изведат претстава, а ќе прочитаат и свои творби – песни, раскази и македонски трудољубиви песни.
Од Здружението потсетуваат дека во текот на годината имаше повеќе манифестации, се спроведуваше проектот „Младите креатори на нашата иднина“, а од 29 јуни до 4 јули годинава имаше камп во Охрид. Манифестациите се одржаа низ повеќе градови под мотото „Да не го заборавиме минатото, но да се стремиме кон подобра иднина“.
Илјадници Македонци, жени и деца, беа прогонети од Егејска Македонија, по завршувањето на Граѓанската војна во Грција, кои беа раселени во повеќе земји од тогашниот социјалистички блок во Европа и во некои азиски републики од тогашниот Советски сојуз.