Здружението на загрепски бранители- доброволци од Вуковар испрати отворено писмо до хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ поради прозивките на Хрватска од Македонија. Имено, директорот на Македонската филмска агенција, Горјан Тозија на „Фејсбук“ ги обвини Хрватска, Словенија и Унгарија за фашизам. Соопштението ви го пренесуваме во целост.
„Здружението на загрепските бранители-доброволци на Вуковар, ги собира доброволците од Загреб, кои на почетокот на српско-црногорската и ЈНА агресијата врз Хрватска, беа подготвени да ја одбранат својата татковина, знаејќи дека не се брани на куќен праг, туку потоа во Вуковар. Затоа не ни е сфатливо како на нападите упатени кон нашата татковина Хрватска од висок македонски државен службеник, СЕ МОЛЧИ. Со поздравот „За дом подготвени“ ја браневме и ја одбранивме Хрватска за да биде успешна и горда земја на горди луѓе. Тој поздрав е вграден во темелите на државата, на која Вие сте на чело. Затоа ние нема да молчиме кога оние кои се во позиција и чија должност е да ја бранат честа и угледот на Хрватска, тоа не го прават.
На Горјан Тозија, ова не е му е прв напад врз Хрватска, со кој се осмели една држава, која со тешки маки и крвта на своите борци се избори против српскиот фашизам, да ја нарече фашистичка, а светиот поздрав под кој се одбрани да го дискредитира. Во македонскиот печат имало безброј публикации за овој скандал. Зошто има молк во Хрватска?
Премиере, немате право да молчите! Бараме во согласност со хрватскиот Устав и позитивните закони на Република Хрватска итно да реагирате кон македонската влада и ставот на нивниот висок државни службеници и да ја заштитите честа и угледот на нашата татковина Хрватска“, стои во соопштението на здружението, потпишано од Зорица Грегуриќ.