СДСМ е македонски печат на европската идеја, изјави генсекот на владејачката партија, Миле Зечевиќ во Крива Паланка.
– СДСМ е печатот на македонската европска идеја. Од кандидатскит статус до почетокот на преговорите со заштитен македонски јазик. Ние сме носителите и наша обврска за иднината на оваа земја, овој концепт на Европска Македонија во целост да го релизираме. Членство во ЕУ како Македонци значи исполнување на последната стратешка и национална цел. Рамноправни во европското семејство на народи, со подобар животен стандард и сигурна иднина, рече Зечевиќ.
Владејачката партија која е против предвремени избори интензивно работи на терен со трибини и средби со своите симпатизери и граѓани, како што е и денешната во Крива Паланка, за која партијата објави на својот профил на Фејсбук.