Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ – Вардарски, вели дека немало причина зошто воопшто да се спојуваат претседателските и парламентарните избори во интервју за Фокус.
– Не гледам причина зошто да ги спојуваме. Зошто волјата на граѓаните да ја калкулираме со продолжување или скратување мандати? Едноставно е, ајде да го почитуваме Уставот и законите, без притоа да правиме политички толкувања, вели тој.
Претседателската функција, додава Зечевиќ-Вардарски, е врвот на државната пирамида.
– Таа фигура треба да е со исклучителна морално-политичка вертикала во себе, со визија и одважност да ги претставува вредностите на македонската Република. СДСМ ќе го избере најдобриот, победничкиот кандидат за претседателските избори, преку соодветна процедура. Секако дека ќе следуваат и консултации со нашите коалициски партнери. Уште од сега можам да најавам дека две работи се сигурни: прво, кандидатот на СДСМ ќе биде следниот претседател на државата. И второ, Македонија ќе има мирно море уште пет години, цврсто држејќи го кормилото на напредокот и државниот успех, вели Зечевиќ.
Целото интервју може да го прочитате во Фокус.