Од заробена држава, замислете, за неполни 3 години станавме пример за целиот западен свет, изјави потпретседателот и пратеник на СДСМ, Муахмед Зекири.
– И затоа со право очекуваме деновиве да добиеме тоа што го заслужуваме. Да добиеме датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Со години режимот не делеше по сите основи, не тераа да се мразиме и да се плашиме едни од други. Цела деценија разните апаши и криминалци се држеа на власт верни на мотото „раздели па владеј“. Сега работиме на концептот едно општество, без разлика на која етничка припадност припаѓаат граѓаните и да ги уживаат сите права подеднакво, вели Зекири.