Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, доби нови 30 денови притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.
Судот го одбил залогот во недвижен имот како гаранција дека нема да се даде во бегство.
Инаку, тој во притвор во затворот „Скопје“, заврши на 9 април како основен осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал за злоупотреба на службената положба и овластувања.