Денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, кој не беше спроведен од куќен притвор поради здравствени причини.
Адвокатот Мирослав Вуиќ за „Фокус“ појаснува дека Зеќири не можел да се појави на денешното судење поради здравствени причини, и се надева дека до следното рочиште ќе оздрави. Тој ќе биде однесен на лекување во клиничкиот центар.
Според обвинението, Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
– Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.
Следното рочиште е закажано за една недела