Дали Македонија е засегната од аферата за агентот Мек Гонигал на ФБИ, која ги потресува САД и Албанија?- е првото од четирите прашања од поранешниот амбасадор и аналитичар Арсим Зеколи до Амбасадата на САД во Македонија.
Прашањата што ги поставува Зеколи на Твитер се следниве:
Прво, дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот Мек Гонигал која ги потресува САД и Албанија?
Второ, дали мрежата на влијание од МекГонигал преку Еди Рама ги опфаќа и Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Арбен Таравари како блиски до Рама?
Терто, дали тековните напори за “зајакнување на коалицијата” е дел од истата шема ФБИ виа Еди Рама?
Четврто, дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување/дефамација на опозицијата според моделот употребен од ФБИ и Рама против Сали Бериша?
Поранешниот шеф на контраразузнавањето на теренската канцеларија на ФБИ во Њујорк е обвинет во две одделни обвиненија за наводна соработа со санкциониран руски олигарх откако се пензионирал и прикрил стотици илјади долари што ги добил од поранешен вработен во албанска разузнавачка агенција додека тој беше врвен функционер во ФБИ.