Eвропските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта заработуваат од туѓа крв, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека го блокираат процесот на ембарго. Тој објасни дека Русија може да заработи до 250 милијарди фунти од продажбата на енергенси оваа година и тоа е пораст за повеќе од една третина во споредба со лани.

„Некои од нашите пријатели и партнери сфаќаат дека сега е поинакво време, дека веќе не е прашање на бизнис и пари. Ова е прашање на опстанок“, рече Зеленски.