Претседателот на Украина Володомир Зеленски во објава на Твитер соопшти дека остварил телефонски разговор со премиерот на Бугарија Кирил Петков, пренесува БГНЕС.

– Имавме конструктивен разговор со премиерот Кирил Петков. Се разговараше за текот на спротивставувањето на агресијата, како и за критичната хуманитарна ситуација во украинските градови и села. Заедно мораме да ја запреме хуманитарната катастрофа, напиша Зеленски.