Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да соработува со поранешниот американски претседател Доналд Трамп доколку победи на претстојните претседателски избори во ноември.
– Доколку господинот Доналд Трамп стане претседател, ќе соработуваме. Не се плашам од тоа – рекол Зеленски, пренесува Интерфакс.
Тој оцени дека Републиканската партија е „поинаква“ од Демократската партија, чиј член е американскиот претседател Џо Бајден, но додаде дека и мнозинството републиканци „ја поддржуваат Украина и нејзиниот народ“.
– Имаме двопартиска поддршка и имаме силни односи со американските политичари кои ја претставуваат Републиканската партија – рече Зеленски.