Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по ракетните и нападите со дронови во текот на ноќта врз Киев и други цели низ Украина, јави ДПА.

-Овие напади се одговор на (рускиот претседател Владимир) Путин на сите меѓународни дипломатски напори. Секој од нашите партнери – САД, цела Европа, целиот свет – виде дека Русија има намера да продолжи со војната и убиствата, објави денеска Зеленски на „Х“.

„Притисокот врз Русија сè уште е недоволен, а секојдневните руски напади врз Украина го докажуваат тоа“, рече тој, наведувајќи повеќе од 1.460 наведувани бомби, речиси 670 беспилотни летала и 30 проектили насочени кон Украина во текот на изминатата недела.

„Секој удар ги таргетира нашите луѓе, нашите деца. Тие водат војна против децата кои играат на игралиштата“, објави тој.