Руската Федерација мора да плати за агресијата врз Украина, а конфискуваните средства мора да бидат насочени кон обнова на украинската држава по војната, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски на заедничката прес-конференција со летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс во Киев.
Зеленски и се заблагодари на Летонија за постојаната поддршка за санкциите против Русија и ја истакна потребата да се работи на блокирање на шемите за избегнување руски санкции на ниво на секоја конкретна земја и Европа како целина, пренесува Укринформ.
„Модерната Русија не верува во ништо друго освен во пари и моќ, така што агресорот мора да ја почувствува нашата сила на бојното поле, силата на политичкото единство на Европа, силата на пакетот санкции. Исто така, агресорот мора да плати најмногу за својата агресија со својот имот, со имотот на оние луѓе кои се поврзани со терористичката држава“, нагласи Зеленски.