Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија лансирала повеќе од 100 проектили и 100 беспилотни летала за време на нападот врз Украина.
Нанесена му е голема штета на енергетскиот сектор“, рече Зеленски на „Телеграм“.
Тој ги повика сојузниците на Киев да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за соборување руски беспилотни летала и ракети, објави „Ројтерс“.