Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека добил барање од Соединетите Американски Држави „за специфична поддршка“ во справувањето со иранските дронови „Шахед“.

„Дадов инструкции да се обезбедат потребните средства и да се обезбеди присуство на украински специјалисти кои можат да ја гарантираат потребната безбедност“, напиша Зеленски на „„X“.

„Украина им помага на партнерите кои помагаат да се обезбеди нашата безбедност и да се заштитат животите на нашите луѓе“, додаде тој.

Зеленски претходно во своето вечерно обраќање вчера рече дека Украина останува во секојдневен контакт со американските претставници, вклучително и во врска со војната во Иран.