На својот официјален профил на Телеграм, Зеленски објави слика на Медведчук со лисици. „Нашата СБУ спроведе специјална операција. Секоја чест! Повеќе детали подоцна. Слава на Украина!“, напиша Зеленски.

Медведчук е лидер на Опозициската платформа за живот, најголемата опозициска партија во Украина. Во март, партијата беше една од неколкуте суспендирани од Зеленски поради врските со Русија. Тој бил споменуван како еден од фаворитите на Путин за да ја преземе власта во Киев во случај Русија да успее да го преземе градот.

Украинските власти го ставија Медведчук во домашен притвор, но тој избега три дена откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. До денешното соопштение не се знаело каде се наоѓа.