Украина ќе и претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решение на конфликтот во Украина на вториот мировен самит, изјави денеска во Швајцарија претседателот на Украина Володимир Зеленски на Глобалната мировна конференција за Украина.
Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски им рече на присутните дека Русија не е заинтересирана за мир и дека учесниците на самитот треба заедно да одлучат како да постигнат мир „на вистински траен начин“ и во согласност со Повелбата на ОН, објави Киев Индипендент.
„Кога планот за акција ќе биде на маса, договорен од сите и транспарентен за сите, тогаш тој ќе биде доставен до претставниците на Русија, за на вториот мировен самит да го означиме вистинскиот крај на војната“, рече Зеленски.