Данска ќе донира 19 борбени авиони Ф-16 на Украина, изјави попладнево данската премиерка Мете Фредериксен на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во воздухопловната база Скидструп.
Фредериксен рече дека се надева дека првите шест ловци ќе бидат испорачани околу Нова година, а во 2024 година Украина ќе добие уште пет авиони.
Зеленски пристигна во посета на Данска, неколку часа по посетата на воздухопловната база во Холандија, каде што исто така доби уверување дека неговата земја ќе добие борбени авиони Ф-16.