Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика учесниците во националистичкиот марш, што денеска треба да се оддржи во Киев, да го одбегнуваат насилството.
-Не наседнувајте на провокациите на оние кои сакаат да создадат контроверзна слика за руската телевизија, наведе Зеленски на Фејсбук во момент кога, како што тврдат американските медиуми, се бележи се поголем бес заради новиот мировен план за судирот во источна Украина.
Тој додаде дека одделни критичари на Украина „сонуваат да видат борби и судири во нашите редови“.
Киев распоредува илјадници полицајци за надгледување на маршот, во кој треба да учествуваат националистите и екстремно десничарски групи, кои протестираат против политиката на Зеленски.
Демонстрантите се противат на договорот за локалните избори на истокот од Украина, стравувајќи дека со него им се даваат премногу отстапки на Русите .