Украина не е вклучена во нападите на гасоводот „Северен тек“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„ Да бидам искрен, тоа е смешно“, им рече Зеленски на новинарите по неодамнешните медиумски извештаи кои ги поврзуваа експлозиите на гасоводот со проукраинските групи.
„ Информациите за наводната поврзаност на Киев со нападите на „Северен тек“ се шират за да се забави помошта на Западот за Украина. Мислам дека е многу опасно некои независни медиуми, кои секогаш ги третирав со голема почит, преземаат такви чекори. Мислам дека е погрешно, дека тоа функционира само во рацете на Русија“, рече Зеленски.