Земан обвини дека е прислушуван од чешката служба

/ 23.08.2021

Претседателот на Чешка, Милош Земан, ја обвини сопствената тајна служба дека го прислушкувала него и луѓето од неговото блиско окружување.

„Кога разговарам со овие вработени по телефон, тие исто така ме прислушуваат“, рече денеска Земан за Блеск.

Тој изјавил дека премиерот Андреј Бабич му ветил дека надзорот и прислушкувањето ќе престанат, но тоа продолжило. Тој ги дознал информациите од извор од домашната разузнавачка служба БИС.

На БИС му треба судско одобрение за да спроведе телефонски надзор.

Портпаролот на тајната служба изјавил дека нема да ги коментира изјавите на претседателот.

Магазинот „Респект“, пак, пишува за блиските контакти што ги има еден од советниците на Земан со Русија. За време на своето патување во Москва, тој се состанал и со претставници на руската државна нуклеарна корпорација Росатом.

Инаку, во интервјуто за таблоидот Блеск, Земан ги обвини претходниот и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден, кои биле, како што кажа, недоволно храбри, но и претставниците на останатите членки на НАТО кои само кукавички молчеле и климале со главите на двата самити на кои се разгледувало повлекувањето.

„Двајцата американски претседатели наредија, немаше дебата. Доколку стануваше збор за некоординирана американска акција, на место е прашањето дали по овој дебакл е потребна реформа на НАТО. НАТО треба да престане да биде сервисна организација на САД, како што сега се покажа во Авганистан“, кажа Земан.


Од истата категорија